Критика за Турција,молк за Франција
Европа која крева врева за секоја интервенција на турските безбедносни сили против терористите, молчи и се прави како да не гледа на интервенцијата на француската полиција кон демонстрантите
516682

Европа која крева врева за секоја интервенција на турските безбедносни сили против терористите, молчи и се прави како да не гледа на интервенцијата на француската полиција кон демонстрантите.
Властите првин донесоа забрана на најавените синдикални протести во Париз а потоа истата ја ограничија. Западните медиуми се правеа како воопшто да не гледаат што се случува во Франција, дури и престижната ББС извештајот од синдикалните протести во Франција не го стави на насловната страница.
Лондонски Гардијан се задоволи само со кус новински извештај на интернет порталот а американски СНН известуваше само за туристички атракции во Париз. Белгиски Дерниер исто така извештајот од Париз не го постави на насловната страница.