Британските граѓани денеска гласаат за иднината на својата земја во ЕУ

Некои меѓународни актери упатија повик Велика Британија да остане во ЕУ, а некои ги предупредија Британците во однос на можното одделување на Велика Британија од ЕУ, односно по прашањето на Брексит

516323
Британските граѓани денеска гласаат за иднината на својата земја во ЕУ

Британските граѓани денеска гласаат за иднината на својата земја во ЕУ.

Пред денешниот референдум некои меѓународни актери упатија повик Велика Британија да остане во ЕУ, а некои ги предупредија Британците во однос на можното одделување на Велика Британија од ЕУ, односно по прашањето на Брексит. 

Германската канцеларка Ангела Меркел не изнесе коментар во однос на тоа што ќе се случи доколку од референдумот произлезе одлука за излегување на Велика Британија од ЕУ, односно биде донесена одлука за Брексит.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во врска со денешниот референдум во Велика Британија рече: „Одлуката за излез од ЕУ ќе претставува сериозен ризик за влезот на Велика Британија во заедничкиот пазар. Секој треба да биде свесен за тоа. Ако изборот е за одделување од ЕУ ќе нема враќање назад.“

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пак кој во своите претходни изјави излегувањето на Велика Британија од ЕУ го окарактеризира како „наштетување на самата себе“ рече: „Британските политичари и гласачи треба да знаат дека никако нема да има нови преговори. Го потпишавме договорот со премиерот Дејвид Камерон и ние го дадовме она што можеме да го дадеме максимално.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека силна Европа и силна Велика Британија ќе бидат многу добро за НАТО Алијансата.“

Предупредување до Велика Британија по прашањето на Брексит пристигна и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од чија страна беше истакнато дека во случај на остварување на Брексит тоа ќе влијае негативно на довербата на потрошувачите и на трговските односи.

Фондот го изнесе ставот дека евентуалниот ваков развој ќе може да доведе до влошување на економскиот раст и финансиската стабилност во Велика Британија.



Слични вести