Монсунските дождови во Индија одзедоа 80 животи

80 лица го загубиле животот во монсунските дождови пропратени со силен ветар во провинциите Бихар Јарканд и Мадја Прадеш во Индија.

516097
Монсунските дождови во Индија одзедоа 80 животи

80 лица го загубиле животот во монсунските дождови пропратени со силен ветар во провинциите Бихар Јарканд и Мадја Прадеш во Индија.

Индиските медиуми соопштуваат дека 53 лица загинале во источната провинција Бихар Јарканд а 17 во Мадја Прадеш. Повеќето од загинатите биле жртви на силните удари од гром.

Премиерот на провинцијата Бихар Нитиш Кумар најави дека на семејствата на жртвите ќе им бидат доделени 400 рупија помош.

Се стравува од можни нови настрадани во силните монсунски дождови кои како што најавиле синоптичарите ќе потраат уште неколку дена.

Инаку монсунските дождови се влијателни во јуни и септември секоја година во Индија, кога од удари на гром или поплави загинуваат десетици лица.

 



Слични вести