Во напад на воен авион на сирискиот режим во Алепо загинаа 8 цивили

Воен авион на сирискиот режим бомбардира цивилно населено место во квартот Баб ел-Тарик во градот Алепо и во нападот загинаа 8 цивили меѓу кои има и жени и деца, а голем број лица беа повредени

514818
Во напад на воен авион на сирискиот режим во Алепо загинаа 8 цивили

Во реализираниот воздушен напад од страна на силите на сирискиот режим на цивилно населено место во градот Алепо животот го загубија 8 цивили.

Воен авион на сирискиот режим бомбардира цивилно населено место во квартот Баб ел-Тарик во градот Алепо и во нападот загинаа 8 цивили меѓу кои има и жени и деца, а голем број лица беа повредени.

Екипите за цивилна одбрана со помош на градежни машини се обидуваат да дојдат до лицата кои по воздушниот напад останаа затрупани под срушените згради.

Воени авиони во сопственост на сирискиот режим реализираат напади врз чаршии, пазари, болници и училишта во градот Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите.

Поради нападите на силите на режимот врз квартовите во градот кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите се прекинати и електричната струја и водата.

Населението во подрачјето се обидува електричната струја да ја обезбедува од генератори, а водата за пиење од ископаните бунари.



Слични вести