Џон Кери и Анџелина Џоли на ифтар кај американски муслимани

Кери говорот пред ифтарот го започна со поздравот Селамалејкум и им го честита најсветиот муслимански месец,месецот Рамазан на муслиманите во Америка

515139
Џон Кери и Анџелина Џоли на ифтар кај американски муслимани

Американскиот државен секретар за надворешни работи Џон Кери и познатата американска холивудска ѕвезда воедно специјален претставник  за бегалци на високиот комесаријат на ОН Анџелина Џоли присуствуваа на ифтар организиран од страна на муслиманската заедница на Дулс

 Кери говорот пред ифтарот го започна со поздравот Селамалејкум и им го честита најсветиот муслимански месец,месецот Рамазан на муслиманите во Америка. Кери остро се спротивстави на тврдењата за тоа дека бегалцитесе закана за Америка и рече: да се мразат муслиманите и тие да се покажуваат како цели им оди во прилог само на терористичките групи. Како да се сака да се создаде една атмосфера на војна меѓу американците и муслиманите во Америка што е сосема некоректно. Како и сите и муслиманите заслужуваат да живеат во мир во Америка.

Анџелина Џоли во говорот рече: луѓето се раѓаат еднакви и сите треба да имаат еднакви права. Не им личи на демократските земји да мислат дека едни се повредни од другите.

На ифтарот на кој беа поканети претставници од различни религии во САД езанот го прочита еден американски  војник Муслиман.



Слични вести