Во бомбашки напад во Бадахшан во Авганистан загинаа 10 лица

Меѓу загинатите во експлозија на бомба поставена во еден мотоцикл во населеното место Кишим во провинцијата Бадахшан во североисточниот дел на Авганистан имало и деца

514592
Во бомбашки напад  во Бадахшан во Авганистан загинаа 10 лица

Во реализиран бомбашки напад во провинцијата Бадахшан во североисточниот дел на Авганистан загинаа 10 лица.

Портпаролот на  губернијата Бадахшан Ахмад Навид Фурутен истакна дека меѓу загинатите во експлозијата на бомбата поставена во еден мотоцикл во населеното место Кишим имало и деца.

Фурутен рече дека во нападот освен загинати имало и 30 повредени и дека поради тоа што некои од нив се тешко повредени се стравува од можноста од зголемување на бројот на загинатите.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Во главниот град на Авганистан, Кабул и утрово беше реализиран самоубиствен напад на еден минибус кој превезуваше работници од Непал.

Во нападот загинаа 14 Непалци, а 9 лица од кои 5 мина Непалци и 4 Авганистанци беа повредени.



Слични вести