Илхам Алиев во Санкт Петербург се состана со Путин

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во градот Санкт Петербург го информираше рускиот претседател Владимир Путин дека не може да се прифати статус квото на Нагорно Карабах

514806
Илхам Алиев во Санкт Петербург се состана со Путин

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во градот Санкт Петербург каде што отпатува за тројниот самит посветен на проблемот со Нагорно Карабах се состана со рускиот претседател Владимир Путин.

Алиев истакна дека за решавање на прашањето Нагорно Карабах ерменските вооружени сили треба да бидат извадени од областа.

Илхам Алиев го информираше Путин дека не може да се прифати статус квото на Нагорно Карабах.

Алиев рече: „Постои очекување во правец на решавање на проблемот со Нагорно Карабах. Во оваа фаза пак се надевам дека ќе стапат во сила конструктивните динамики.“

Претседателите на Азербејџан и Ерменија, Илхам Алиев и Серж Саркисјан кои имаа одделни средби со рускиот претседател Владимир Путин се очекува да се состанат и на троен самит.



Слични вести