Бомбашки напад во Камишли-Сирија на конвојот на патријархот на Антакија

Самоубиствен напаѓач ја активира бомбата на себе во моментот на поминување на конвојот на патријархот на Антакија Ефрем Керим во населеното место Камишли на северот на Сирија

514193
Бомбашки напад во Камишли-Сирија на конвојот на патријархот на Антакија

Во реализиран бомбашки напад на конвојот на патријархот на Антакија и духовен лидер на асирската православна црква Моран Мор Игнатиус втори, Ефрем Керим, за време на неговата посета на населеното место Камишли кај градот Хасеке вна северот на Сирија во близина на границата со Турција загина едно лица, а три лица беа повредени.

Според добиени информации од локални извори самоубиствен напаѓач ја активирал бомбата на себе во моментот на поминување на конвојот со возила низ маалото Ел-Вуслат каде што во мнозинство живеат христијани.

Во нападот загина еден од припадниците на асирските милициски сили Соторо кои биле задолжени за безбедноста на конвојот, а тројца биле повредени.

Патријархот на Антакија Ефрем Керим успеал да се спаси од нападот без повреди.

Одговорноста за нападот засега не ја презеде никој.



Слични вести