Антирасистички протести во различни градови на Германија

Во различни градови на Германија на чело со главниот град Берлин и градовите Минхен, Хамбург и Лајпциг беа одржани антирасистички протести под слоганот „рака за рака против расизмот“ на кои учествуваа илјадници лица

514238
Антирасистички протести во различни градови на Германија

Илјадници лица во различни градови на Германија протестираа против расизмот.

Од страна на иницијативата составена од граѓански организации кои делуваат во различни социјални сфери како што Сојузот на германските синдикати, Протестантската црква, Централниот совет на муслиманите и Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“ и други  во голем број градови на Германија на чело со главниот град Берлин и градовите Минхен, Хамбург и Лајпциг беа одржани протестни митинзи под слоганот „рака за рака против расизмот“.

Учесниците на протестот во главниот град Берлин фатени рака за рака формираа долг синџир од луѓе од еден дом за азиланти во населеното место Крајзберг до зградата на локалната самоуоправа во Берлин.

Учесниците на протестот во своите раце носе транспаренти на кои пишуваше „За човекови права и разновидност“, „Секој човек е еднаков“ и „Толеранција“.

Иницијативата која ги организира протестите истакна дека на протестот во главниот град Берлин учествувале приближно 9 илјади лица.

Слични протести против расизмот беа одржани и во други градови на Германија.



Слични вести