Втор круг од делумните локални избори во Италија

Во вториот круг од делумните локални избори се натпреваруваат кандидатите кои во првиот круг кој што се одржа пред две недели на 5 јуни не можеа да освојат над 50-отсто од гласовите на бирачите

513971
Втор круг од делумните локални избори во Италија

Во Италија се одржува вториот круг од делумните локални избори на кои ќе бидат избрани градоначалници на 126 градови и населени места.

Во вториот круг се натпреваруваат кандидатите кои во првиот круг кој што се одржа пред две недели на 5 јуни не можеа да освојат над 50-отсто од гласовите на бирачите.

Чинот на гласање започна во 07:00 часот според локално време (08:00 часот според турско време), а ќе заврши во 23:00 часот според локално време (00:00 часот според турско време).

Според податоците на италијанското министерство за внатрешни работи во вториот круг од делумните локални избори за избор на градоначалници на 126 градови и населени места на чело со главниот град Рим, вториот по големина град Милано и градовите Наполи, Торино и Болоња ќе излезат да гласаат 8 милиони 610 илјади 142 бирачи. 

Со заинтересираност се следи кој ќе победи во главниот град Рим, дали Роберто Џакети од владејачката Демократска партија (ПД) или кандидатката на главната опозиција италијанското антиестаблишмент движење „Пет Ѕвезди“  Вирџинија Раџи која во првиот круг од изборите освои најголем број гласови.

Исто така голема заинтересираност буди и трката за Милано каде што се натпреваруваат кандидатот на Демократската партија (ПД) Џузепе Сала и кандидатот на централно-десничарската конзервативна партија Стефано Паризи. 



Слични вести