Во езеро во северниот дел на Русија се удавија 11 лица од кои 10 деца

Во езерото Сјамозеро во Автономната Република Карелија во северниот дел на Русија се превртеа два брода и во несреќата се удавија 11 лица од кои 10 деца

514048
Во езеро во северниот дел на Русија се удавија 11 лица од кои 10 деца

Излетот во природа за кампување на група деца во Автономната Република Карелија во северниот дел на Русија заврши со голема трагедија.

Во несреќата до која дојде во едно езеро се удавија 11 лица од кои 10 деца.

Според веста на телевизијата „Раша Тудеј“ група составена од 47 деца и двајца возрасни од Москва заминале на кампување на брегот на езерото Сјамозеро.

Во моментот кога со три брода шетале по езерото се појавила бура во која два брода се превртеле во езерото.

Од катастрофата можеа да се спасат само оние деца кои облекле спасувачки елеци.

Еден ученик пливајќи успеал да излезе на брегот на езерото, додека продолжува да се трага по три лица кои се водат како исчезнати.



Слични вести