Во градот Измаил во Украина прогласена вонредна состојба поради случај со масовно труење

Претседателот на градската управа на Измаил во областа Едеса Андреј Абрамченко истакна дека вчера во вечерните часови поради симптоми на труење се обратиле во болница вкупно 284 лица од кои 166 деца

513658
Во градот Измаил во Украина прогласена вонредна состојба поради случај со масовно труење

Во градот Измаил во Украина прогласена вонредна состојба поради случај со масовно труење.

Претседателот на градската управа на Измаил во областа Едеса Андреј Абрамченко истакна дека вчера во вечерните часови поради симптоми на труење се обратиле во болница вкупно 284 лица од кои 166 деца. 

Велејќи дека 145 од затруените лица биле отпуштени од болница, а 139 лица се уште се наоѓаат на лекување во болница, Абрамченко напомена дека масовното вирусно заболување можеби е предизвикано од надојдените води кои поради силните врнежи од дожд во текот на неделата ги преплавија канализациите.

Поради симптоми на масовно вирусно заболување во градот Измаил е прогласена вонредна состојба.



Слични вести