Терористичката ДЕАШ во Рамади држи под опсада 100 ирачки војници

Според одбиени информации од извори на ирачката армија војниците кои се наоѓаат под опсада во градот Рамади во провинцијата Анбар во западниот дел на Ирак се подложени на истрели од хаубици на терористичката организација ДЕАШ

513895
Терористичката ДЕАШ во Рамади држи под опсада 100 ирачки војници

Во градот Рамади во провинцијата Анбар во западниот дел на Ирак терористичката организација ДЕАШ држи под опсада 100 ирачки војници.

Според одбиени информации од извори на ирачката армија војниците кои се наоѓаат под опсада се подложени на истрели од хаубици на терористичката ДЕАШ. 

Федералниот полициски шеф на Ирак генерал-полковник Раид Шакир Џевдет истакна дека откако биле заземени владините згради во Фелуџа од рацете на терористичката организација ДЕАШ федералните полициски сили започнале операција за чистење на куќите во областа Хај Низал од мини.

„За време на операцијата за пребарување на мини беше пронајден еден суд на ДЕАШ во чиј состав се наоѓаат три празни затвори.“ - рече Раид Шакир Џевдет.

Истиот ирачки функционер истакна дека терористичката организација можеби ги убила затворениците или пак пред армиските единици да ја преземат контролата во областа можеби ги однела надвор од градот Фелуџа. 

Ирачките армиски единици во рамките на операциите за спасување на градот Фелуџа ја презеде контролата од рацете на терористичката организација ДЕАШ во зградите како што се дистриктите, полицијата, разузнавачката служба и локалните собранија.

Од друга страна продолжува и операцијата на ирачката армија за враќање назад од терористичката организација ДЕАШ на месноста Ел-Кајјара на југот на градот Мусул која беше започната под надзор на ирачкиот министер за одбрана Халид ел-Убејди.



Слични вести