Судирите во Сирија се засилуваат околу Алепо и Мунбич

Единиците на Асад по жестоки судири им оставија на опозиционерите три села од стратешко значење кои се наоѓаат во околината на магистралниот пат кој што ги поврзува Алепо и главниот град Дамаск

513976
Судирите во Сирија се засилуваат околу Алепо и Мунбич

Вооружените судири во Сирија се засилуваат во близина на градот Алепо и во населеното место Мунбич.

Единиците на Асад по жестоки судири им оставија на опозиционерите три села од стратешко значење кои се наоѓаат во околината на магистралниот пат кој што ги поврзува Алепо и главниот град Дамаск.

Во населеното место Мунбич пак кое се наоѓа во рацете на терористичката организација ДЕАШ Сириските демократски сили влегуваат во населеното место од запад.

Сириските демократски сили се поддржуваат и од страна на американски сили, додека во центарот на населеното место Мунбич сеуште се заглавени илјадници цивили.

Во меѓувреме продолжува бомбардирањето и во градот Алепо.

Силите на Асад на маалата во рацете на опозиционерите реализираат воздушни напади со барел бомби.



Слични вести