Египетскиот суд му изрече нова доживотна казна на Мухамед Мурси

Кривичниот суд на Каиро на првиот претседател на Египет избран на слободни и демократски избори Мухамед Мурси му е изречена казна затвор во траење од 40 години, но согласно египетските закони ќе се применува казна доживотен затвор

513738
Египетскиот суд му изрече нова доживотна казна на Мухамед Мурси

Кривичниот суд на Каиро на првиот претседател на Египет избран на слободни и демократски избори Мухамед Мурси кој потоа беше соборен со воен удар му изрече казна затвор во траење од 40 години.

25 години затвор му беа изречени на Мурси со обвинение дека бил раководител на Организацијата муслимански браќа (Ихван) која инаку е забранета во земјата и се смета за терористичка организација и 15 години затвор за испраќање на тајни државни документи во Катар.

Судот на судскиот претрес кој беше емитуван во живо од страна на државната телевизија на Египет го ослободи Мухамед Мурси од обвинението „Шпионажа во име на Катар“ .

Во меѓувреме шест мина обвинети во случајот „Шпионажа во име на Катар“ меѓу кои има и новинари беа осудени на смрт, а на четворица обвинети им беа изречени различни затворски казни. 

Членот на делегацијата на одбраната на Мухамед Мурси, Усаме Хелва истакна дека на Мурси му е изречена казна затвор во траење од 40 години, но дека согласно египетските закони ќе се применува казна доживотен затвор.

Хелва додаде дека пресудата ќе биде обжалена.

Првиот претседател на Египет избран на слободни и демократски избори Мухамед Мурси кој беше соборен со воен удар претходно за случајот познат во јавноста како „Голема шпионажа“ беше осуден на 25 години затвор, за случајот „Настаните Иттихадије“ на 20 години затвор, а за случајот „Упад во затвори“ кој е познат и како „Случај со затворот Вади’н-Натрун“ му беше изречена смртна казна. 

 



Слични вести