Големи воени маневри во Азербејџан

Воените маневри кои ќе траат до 23 јуни се реализираат во Автономната Република Нахчиван, во областите во близина на фронтовата линија и во Каспиското Море

513912
Големи воени маневри во Азербејџан

Во Азербејџан започнаа големи воени маневри  кои ќе траат до 23 јуни.

На маневрите кои се одржуваат под команда на азербејџанскиот министер за одбрана генерал-полковник Закир Хасанов учествуваат 25 илјади војници, повеќе од 300 тенкови и оклопни возила, 100 ракетни и топовски системи, 40 воени авиони и 30 воздушно-одбранбени системи, како и припадници на Поморските сили и на специјалните единици.

Воените маневри се реализираат во Автономната Република Нахчиван, во областите во близина на фронтовата линија и во Каспиското Море.

Освен тоа во рамките на воените маневри се врши контрола и на доведување на азербејџанските војници во состојба на готовност, како и логистичката и другите задачи.



Слични вести