„САД не можат да останат набљудувачи пред нападите на силите на Асад и Русија врз Алепо“

Американскиот државен секретар Џон Кери дека САД не можат да останат набљудувачи пред нападите на силите на Асад поддржани и од Русија врз градот Алепо

512148
„САД не можат да останат набљудувачи пред нападите на силите на Асад и Русија врз Алепо“

Американскиот државен секретар Џон Кери истакна дека постојат проблеми по прашањето на придржување на режимот во Сирија кон договорот за прекин на огнот и дека САД не можат да останат набљудувачи пред нападите на силите на Асад поддржани и од Русија врз градот Алепо.

Џон Кери во Норвешка каде што престојува во официјална посета на одржаната конференција за претставниците на печатот по средбата со норвешката министерка за надворешни работи Ерна Солберг се осврна на прашањето со Сирија и притоа укажа на значењето на договорот за стопирање на судирите во оваа земја.

Кери потсети дека договорот не претставува повик за селективно примирје, туку спогодба која треба да се применува во целата земја.

Велејќи дека договорот за кој станува збор освен за опозиционерите важи и за режимот на Асад, Џон Кери напомена дека САД можат да извршат притисок и врз двете страни за спречување на нападите на Асад со поддршка и на Русите врз градот Алепо.

Кери истакна дека лично верува оти единствениот пат за применување на договорот за прекин на огнот е да се седне на преговарачката маса во Женева и да започне процесот на легитимна транзиција во Сирија.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби на редовната дневна прес-конференција истакна дека доколку Русија не го искористи позитивно своето влијание врз Асад тоа ќе има последици и за неја самата и за регионот.

Освен тоа Кирби предупреди дека доколку продолжи војната во регионот ќе дојдат уште поголем број на терористи, а воено го употреби и изразот: „Најверојатно и Русија би можела да ја привлече заинтересираноста на евентуалните терористички елементи.“

Кирби додаде дека постои потреба од помошта на Русија за доставување на хуманитарната помош во областите кои се наоѓаат под опсада во Сирија и за успешна реализација на дипломатските разговори.



Слични вести