Руски воени авиони бомбардираа болница и фабрика за лекови во Алепо
Руски џетови синоќа реализираа напад со фосфорни бомби на болница во населеното место Анадан и со барел бомби на фабрика за лекови во месноста Кефр Хамра во северниот дел на Алепо
512410

Руски воени авиони бомбардираа една болница и фабрика за лекови во областа под контрола на градот Алепо во Сирија.
Руски џетови синоќа реализираа напад со фосфорни бомби на болница во населеното место Анадан и со барел бомби на фабрика за лекови во месноста Кефр Хамра во северниот дел на Алепо.
Во бомбардирањата болницата и фабриката за лекови беа доведени во неупотреблива состојба.
Руски воени авиони во последните 15-сетина дена жестоко ги бомбардираат населените места, селата, чаршиите, пазарите, болниците и центрите за цивилна одбрана во градот Алепо и околината кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите.
Слични вести
Путин изрази подготвеност за средба со Зеленски
Ако Зеленски сака да започне со обнова на односите, ние ќе бидеме само задоволни