Расте кризата со Русија на ЕУРО 2016 во Франција

По притворањето на голем број руски навивачи кои се наоѓаат во ФРанција за ЕУРО 2016 амбасадорот на Франција во Москва беше повикан во руското министерство за надворшени работи

512178
Расте кризата со Русија на ЕУРО 2016 во Франција
abd, fransa endişe.jpg

Расте кризата со Русија на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) во Франција.

По притворањето на голем број руски навивачи кои се наоѓаат во ФРанција за ЕУРО 2016 амбасадорот на Франција во Москва беше повикан во руското министерство за надворшени работи.

Во објавеното соопштение од руското министерство за надворешни работи се истакнува дека францускиот амбасадор во Москва М. Жан-Морис Рипер бил информиран за тоа дека не може да се прифати тоа што француските безбедносни сили ги притвориле руските навивачи кои оделе за градот Лил и за тоа не биле информирани руските дипломатски претставништва во оваа земја.

Било побарано што побрзо да бидат завршени законските постапки во врска со притворените руски граѓани и било нагласено дека заземањето на став против Русија за време на првенството може да им наштети на руско-француските односи.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров исто така испрати порака до својот француски колега Жан-Марк Ајро од кого посака да не бидат повторени овие видови настани.

Француски функционери на крајот од неделата  по насилствата и масовните тепачки по улиците на Марсеј и Ница соопштија дека треба да се преземат специјални мерки во врска со руските навивачи, додека францускиот премиер Мануел Валс истакна дека навивачите кои се замешани во насилства немаат право да останат на териториите на Франција.

Француската полиција во близина на Марсеј сопре еден автобус кој превезуваше руски навивачи од кои притворени 6 мина навивачи за кои истакна дека ќе бидат депортирани.

Во масовната тепачка помеѓу руските и англиските навивачи до која дојде на крајот на минатата недела во саботата беа повредени 35 лица од кои повеќето англиски навивачи, а четворица навивачи беа тешко повредени.

10 лица кои беа замешани во тепачката во Марсеј беа казнети со затворски казни.



Слични вести