Сириската армија и руските борбени авиони иѕвршија напад на Дамаск и Алепо

Во нападот со барел бомби исфрлени од хеликоптерот на силите на режимот на селото Бара загинаа 8 лица

511388
Сириската армија и руските борбени авиони иѕвршија напад на Дамаск и Алепо

Во нападот на сириската армија и руските борбени авиони на позициите на опозиционите сили во Дамаск, Алепо и Идлиб со „барел и вакум бомби“ загинаа 28, а 55 лица беа повредени.

Според податоците од екипите за цивилна заштита, еден хеликоптер на армијата и руските борбени авиони во нападот со вакум и барел бомби на позициите на силите на опозицијата во населбите Салихијин, Фиредевс и Салахадин во Алепо, како и Кафр хамра и Хрејтан загинаа 20 цивили, меѓу кои жени и деца, а 40 лица беа повредени.

Во нападот со барел бомби исфрлени од хеликоптерот на силите на режимот на селото Бара загинаа 8, а 15 лица беа повредени.

Во нападите во Идлиб и Алепо дојде до голема материјална штета, а исто така голем број возила се во неупотреблива состојба.



Слични вести