СБ на ОН даде овластување за контролирање на бродовите за Либија

СБ на ОН во 2011 година усвои одлука за ембарго за оружје на Либија

511087
СБ на ОН даде овластување за контролирање на бродовите за Либија

СБ на ОН даде овластување за контролирање на бродовите за кои постои сомнение дека пренесуваат оружје за Либија каде што продолжува граѓанската војна.

На барање на ЕУ, земјите членки на СБ на ОН одржаа состанок на кој беше усвоена одлука за вршење контрола на бродовите во претстојните 12 месеци за кои постои сомнение дека пренесуваат оружје пред крајбрежјето на Либија.

Во случај на бродовите кои ќе бидат контролирани се најдат материјали кои се косат со санкциите на ОН, истите ќе бидат уништени.

СБ на ОН во 2011 година усвои одлука за ембарго за оружје на Либија.

Според претпоставките, освен инволвираните страни во внатрешните судири во земјата, исто така и терористичката организација ДАЕШ има можност да се стекне со илегално оружје.



Слични вести