Продолжуваат насилствата меѓу навивачите на ЕУРО 2016 во Франција

По масовната тепачка помеѓу руските и англиските навивачи во саботата во градот Марсеј овојпат дојде до кавга помеѓу навивачите од Русија, Англија и Велс во градот Лил

511311
Продолжуваат насилствата меѓу навивачите на ЕУРО 2016 во Франција

Продолжуваат насилствата на руските и англиските навивачи на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) во Франција.

По масовната тепачка помеѓу руските и англиските навивачи во саботата во градот Марсеј овојпат дојде до кавга помеѓу навивачите од Русија, Англија и Велс во градот Лил.

Францускиот канал БФМ соопшти дека руските навивачи ги нападнале навивачите на Англија и Велс во близина на железничката станица во Лил.

Кавгата во која навивачите едни против други фрлале столици, маси и шишиња била спречена со интервенцијата на полицијата.

Гувернерот на Лил Мишел Лаланд вчера во вечерните часови изјави дека била донесена одлука во среда и четврток по полноќ да бидат затворени баровите во Лил.

Во рамките на натпреварите на Европското фудбалско првенство 2016 денеска Русија во градот Лил игра против Словачка.

Во градот Ленс пак кој се наоѓа многу блиску до градот Лил Англија утре ќе игра против Велс.



Слични вести