Демократите на претседателските избори одат со Хилари Клинтон

Хилари Клинтон која потребниот број од 2.383 делегати за кандидат за претседател од редовите на Демократската партија го долови минатата недела и на последните прелиминарни избори извојува победа над својот противник сенаторот од Вермонт Берни Сандерс

511003
Демократите на претседателските избори одат со Хилари Клинтон

Прелиминарните избори кои се влијателни во изборот на кандидатите за претседател на САД од редовите на партиите и кои започнаа на 1 февруари завршија со одржаните избори на Демократите во главниот град Вашингтон.

Имиња кои излегоа како победници од внатрепартиските прелиминарни избори за кандидат за нов американски претседател се Хилари Клинтон кај Демократската партија и Доналд Трамп кај Републиканската партија.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон која потребниот број од 2.383 делегати за кандидат за претседател од редовите на Демократската партија го долови минатата недела и на последните прелиминарни избори извојува победа над својот противник сенаторот од Вермонт Берни Сандерс.  

Клинтон доби 78-отсто од гласовите, а Сандерс остана на 21-отсто. 

Берни Сандерс по минатонеделниот успех на Хилари Клинтон истакна дека нема да се откаже од трката.

Кај Републиканската партија пак Доналд Трамп претходно го освои потребниот број на делегати и ја загарантира кандидатурата за претседател.

Кандидатите за нов претседател на САД и на двете партии ќе бидат потврдени на конгресите на партиите што ќе се одржат во јули.

Потоа на изборите кои ќе се одржат на 8 ноември американските граѓани ќе го изберат својот 45-ти претседател.



Слични вести