Дефинирањето на една закана со различно име, не ја уништува истата

Се додека ДЕАШ го дефинирате како радикални исламисти, не ќе можете да ја победите терористичката организација

511357
Дефинирањето на една закана со различно име, не ја уништува истата

Американскиот претседател Барак Обама во врска со критиките за употребата на изразот „радикален ислам“ за терористичкиот напад во земјата, рече дека дефинирањето на една закана со различно име, не ја уништува истата. Тоа преставува само политичко распределување на вниманието.

Американскиот претседател Обама во врска со нападот во Орландо во кој загинаа 49 лица како и борбата против ДЕАШ, во Министерството за финансии одржа состанок со Советот за национална безбедност.

По состанокот, Обама во врска со нападот во ноќниот клуб рече дека моментално не поседуваме никакви информации за можноста за насочување на нападот од страна на една странска терористичка организација во Орландо.

Во врска со критиките за употребата на изразот „радикален ислам“ за терористичките напади, Обама потсети на изразот на Републиканците што го употребија на конгресот дека „се додека ДЕАШ го дефинирате како радикални исламисти, не ќе можете да ја победите терористичката организација“ рече:

Што се можете да добиете од употребата на овој израз? Што може да промени? Зарем дава гаранција дека ДЕАШ ќе убие помал број Американци? Одговорот на овие прашања е никој. Дефинирањето на една закана со различно име, не ја уништува истата. Тоа е само политичко распределување на вниманието. Во текот на 7.5 годишното владеење, нема стратегија која не ја следевме само поради неупотребата на изразот „радикален ислам“.

Обама подвелче дека терористичката организација ДЕАШ не го претставува исламот.

Обама без да го употреби името на Доналд Трамп, претседателскиот кандидат на Републиканците, упати остри критики не сметка на предлогот на Трамп за забрана за влез на муслиманите во САД.

Обама рече: Зарем само поради нивното верување, муслиманите ќе ги изложиме на дискриминација?

Тоа не е Америка која ја сакаме. Не ги одразува демократските идеали. Нема да обезбеди да бидеме во поголема безбедност.



Слични вести