Во терористички напад во предградие на Париз убиени полицаец и неговата сопруга

Напаѓач во предградие во северозападниот дел на францускиот главен град Париз уби еден полицаец и ги зеде во заложништво неговата сопруга и децата по што беше застрелан во операцијата реализирана од страна на специјалните сили

510200
Во терористички напад во предградие на Париз убиени полицаец и неговата сопруга

Во заложничка криза синоќа во доцните часови во северозападниот дел на францускиот главен град Париз во реализирана операција од страна на специјалните полициски сили беше застрелан напаѓачот кој претходно убил еден полицаец и неговата сопруга.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Случајот се доживеа во предградието Мањанвил во северозападниот дел на Париз кога еден полициски службеник на враќање од должност беше нападнат пред зградата во која живее и со здобиен убод од нож го загуби животот.

Напаѓачот откако го убил полицаецот влегол во зградата и ги зел во заложништво сопругата и детето на полицаецот.

Потоа на местото на случајот беа испратени специјални француски полициски сили „Раид“ од чија страна беше заобиколена зградата.

Откако не резултираа позитивно преговорите помеѓу полицијата и напаѓачот специјалните полициски сили реализираа операција на куќата во која се наоѓаа напаѓачот и заложниците. 

Во операцијата напаѓачот беше убиен кој претходно ја убил и сопругата на полицаецот, додека детото беше спасено.

Портпаролот на француското министерство за внатрешни работи Пиер-Хенри Бранде во објавеното писмено соопштение по операцијата го осуди нападот и истакна дека сопругата на убиениот полициски службеник која исто така беше убиена од страна на напаѓачот работела како службеник во министерството за внатрешни работи.

Инаку ова е прв терористички напад по ноември минатата година во Франција каде што по терористичките напади во Париз во кои загинаа 130 лица беше прогласена вонредна состојба.



Слични вести