Во операцијата на авганистанските безбедносни сили убиени 15 талибански милитанти

Првиот потпретседател на Авганистан Рашид Достум истакна дека во операцијата во округот Џевизџан во северниот дел на земјата беа убиени 15 талибански милитанти

510979
Во операцијата на авганистанските безбедносни сили убиени 15 талибански милитанти

Во операцијата на авганистанските безбедносни сили во округот Џевизџан во северниот дел на земјата беа убиени 15 талибански милитанти.

Првиот потпретседател на Авганистан Рашид Достум кој раководи со операцијата изјави за новинарите дека во реализираната операција во околината на градот Шибирган во округот Џевизџан биле убиени 15 талибански милитанти.

Достум рече дека во вооружените судири за време на операцијата биле повредени 7 талибански милитанти, а исто така биле фатени 16 милитанти.

Рашид Достум нагласи дека операциите против Талибан во регионот ќе продолжат.



Слични вести