Обама: Нема докази оти напаѓачот е поврзан со терористичката организација ДЕАШ

И покрај тоа што ДЕАШ соопшти дека ја презема одговорноста за нападот во Орландо американскиот претседател Барак Обама истакна дека нема докази за оти напаѓачот делувал под инструкции на терористичката ДЕАШ

510611
Обама: Нема докази оти напаѓачот е поврзан со терористичката организација ДЕАШ

Американскиот претседател Барак Обама истакна дека нема докази за оти напаѓачот кој го изврши крвавиот напад во Орландо во кој уби 49 лица делувал под инструкции на терористичктата организација ДЕАШ. 

И покрај тоа што ДЕАШ соопшти дека ја презема одговорноста за нападот Обама дава претпазливи изјави по ова прашање.

Од друга страна Доналд Трамп кој најверојатно ќе биде и кандидат на Републиканската партија за нов претседател на САД искористувајќи го и терористичкиот напад во Орландо ги повторува своите изјави против муслиманите.

Трамп потсети дека напаѓачот и покрај тоа што е американски граѓанин тој е од авганистанско потекло.

Искористувајќи го нападот како средство за своите изјави против исламот, Трамп рече дека ако биде избран за претседател ќе го забрани влезот на доселениците во САД.

Освен тоа Трамп ја побара и оставката на претседателот Барак Обама.

Хилари Клинтон пак која исто така најверојатно ќе биде номинирана за кандидат за нов претседател од редовите на Демократската партија презентира поумерен став.

Хилари Клинтон рече: „И покрај тоа што напаѓачот е мртов вирусот од кој што е затруен е сеуште жив.“

Клинтон упати повик да се забрани продажбата на оружје и да не му се дава финансиска поддршка на тероризмот.



Слични вести