Ирачката армија ја воспостави контролата кај браната Фелуџа

Во рамките на операцијата за спасување на градот Фелуџа во провинцијата Анбар во западниот дел на земјата од рацете на терористичката ДЕАШ ирачката армија ја воспостави контролата кај браната Фелуџа

510978
Ирачката армија ја воспостави контролата кај браната Фелуџа

Ирачката армија ја воспостави контролата над браната Фелуџа која се наоѓаше во рацете на терористичката организација ДЕАШ.

Федералниот полициски шеф на Ирак генерал полковник Раид Шакир Џевдет истакна дека во рамките на операцијата која се води за спасување на градот Фелуџа во провинцијата Анбар во западниот дел на земјата од рацете на терористичката организација ДЕАШ дошло до вооружена престрелка помеѓу терористите на ДЕАШ и ирачките армиски единици во околината на браната Фелуџа.

Во вооружената престрелка било употребено тешко и лесно оружје и притоа биле убиени десетици лица од терористичката организација, рече Џевдет и напомена дека на крајот на престрелката ирачките армиски единици ја воспоставиле контролата во областа Еш-Шакак каде што се наоѓаат браната кај Фелуџа и населени места во нејзина близина по што во двете области било поставено ирачкото знаме.

Ирачката армија заедно и со полициските сили, силите Хашди Шаби составени од шиитски милициски сили и силите на сунитските племенски заедници на 23 мај започнаа операција за враќање назад на градот Фелуџа во провинцијата Анбар во западниот дел на земјата кој се наоѓа под контрола на терористичката организација ДЕАШ. 

Градот Фелуца е првиот град во Ирак кој во 2014 година западна под контрола на ДЕАШ и воедно е втор град по големина после Мусул кој се наоѓа во рацете на терористичката организација.



Слични вести