Франција депортира 29 руски хулигани

Одлуката за депортирање на 29 руски хулигани од страна на Франција беше потврдена и од страна на претседателот на Серуската асоцијација на навивачи  (ВОБ) Александар Шпригин

510849
Франција депортира 29 руски хулигани

Франција депортира 29 руски хулигани од 150 кои допатуваа за Европското фудбалско првенство 2016 и беа замешани во масовни тепачки.

По насилствата до кои дојде на крајот на минатата недела меѓу навивачите на улиците на Марсеј и Ница француски функционери објавија соопштение во кое беше нагласено дека треба да се преземат посебни мерки во врска со руските навивачи.

Јавниот обвинител во Марсеј Брис Робин за 150 руски хулигани за кои рече дека се „мошне добро подготвени за иницирање на насилство и тепачки“ истакна дека се одговорни за масовната тепачка пред натпреварот помеѓу Англија и Русија.

Робин напомена дека поголемиот дел од повредените во тепачката помеѓу навивачите на двете земји биле Англичани.

Одлуката за депортирање во врска со 29 руски државјани беше потврдена и од страна на претседателот на Серуската асоцијација на навивачи  (ВОБ) Александар Шпригин.

Оваа одлука потсети на изјавата на францускиот премиер Мануел Валс кој рече дека „навивачите кои се замешани во насилство немаат прво да останат на териториите на Франција.“

Во меѓувреме се истакнува дека француското министерство за внатрешни работи поради насилствата до кои дошло од петокот кога започна Европското фудбалско првенство досега била поведена истрага во врска со 116 лица и биле притворени 63 лица.

Освен тоа во соопштението на министерството се вели дека претходно поради вршење насилство биле депортирани 3 лица, а на 5 лица не им било дозволено да влезат во земјата поради тоа дека би можеле да го нарушат јавниот ред и мирот.

Министерството не даде информации во врска со тоа чии државјани биле овие лица.



Слични вести