Во Истанбул пронајдена кама на соборениот либиски лидер Муамер Гадафи

Камата која била украдена од дворецот на Гадафи и која е изработен од слонова коска и украсена со драгоцени камења од злато, смарагд, дијамант, сафир и рубин беше пронајдена при обид да биде продадена

509950
Во Истанбул пронајдена кама на соборениот либиски лидер Муамер Гадафи

Кама на соборениот либиски лидер Муамер Гадафи 5 години по неговата смрт е пронајдена во Истанбул.

Камата која била украдена од дворецот на Гадафи и која е изработен од слонова коска и украсена со драгоцени камења од злато, смарагд, дијамант, сафир и рубин беше пронајдена при обид да биде продадена.

Екипите на Дирекцијата на Одделот за борба против шверц добија информации дека се настојува камата да им биде продадена на бизнисмени од Саудиска Арабија за 10 млиони долари.

Во реализираната операција беа приведени лицето кое се обидувало да ја продаде камата и двајца негови помошници.

Како што се наведува камата била купена за 4,6 милиони долари од страна на опозиционите групи во Либија.



Слични вести