Питер Томсон од Фиџи избран за претседател на 71-то заседание на Генералното собрание на ОН

Постојаниот претставник на Фиџи во ОН Питер Томсон од вкупно 185 важечки гласа доби 94 гласа и беше избран за претседател на 71-то заседание на Генералното собрание на ОН

510187
Питер Томсон од Фиџи избран за претседател на 71-то заседание на Генералното собрание на ОН

За претседател на 71-то заседание на Генералното собрание на ОН е избран постојаниот претставник на Фиџи во ОН амбасадорот Питер Томсон.

На одржаното гласање за избор на претседател на 71-то заседание на Генералното собрание на ОН кое ќе заседава во септември постојаниот претставник на Фиџи во ОН амбасадорот Питер Томсон од вкупно 185 важечки гласа доби 94 гласа и беше избран за нов претседател на 71-то заседание на Генералното собрание на ОН.

Противник на Томсон на гласањето беше Андреас Мавројианис од јужниот грчки дел на Кипар кој освои 90 гласа. 7 гласа беа неважечки, а 1 глас воздржан.

Питер Томсон задачата постојан претставник на Фиџи во ОН почна да ја извршува во 2010 година.

Томсон во 2011 и 2012 година беше заменик претседател на Генералното собрание на ОН, а исто така беше на дожност во голем број организации во ОН.

Питер Томсон должноста ќе ја преземе од сегашниот претседател на Генералното собрание на ОН Данецот Могенс Ликетофт.



Слични вести