ОН испратија хуманитарна помош на месноста Хула кај Хомс која се наоѓа под опсада на режимот

Конвојот со помош во храна и електрични материјали како и уреди за копање на бунари беше испратен на месноста Хула кај градот Хомс во соработка со сириската Црвена полумесечина и Меѓународната организација на Црвениот крст

509446
ОН испратија хуманитарна помош на месноста Хула кај Хомс која се наоѓа под опсада на режимот

ОН испратија помош со конвој од 10 камиони на месноста Хула кај градот Хомс која се наоѓа во внатрешните делови на Сирија и е под опсада на режимот.

Конвојот со помош во храна и електрични материјали како и уреди за копање на бунари беше испратен во соработка со сириската Црвена полумесечина и Меѓународната организација на Црвениот крст.

Испратената помош му била доставена на собранието на месноста Хула од чија страна ќе му биде раздадена на народот.

ОН и претходно испратија хуманитарна помош на областа Источна Гута кај главниот град Дамаск, месноста Мадаја, населеното место Зебедани, населените места Фуа и Кафраја кај градот Идлиб и месностите ваер и Хула кај градот Хомс кои долго време како се наоѓаат под опсада.



Слични вести