Во експлозијата на една бомба во џамијата во градот Родат загинаа 4 лица

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот

508458
Во експлозијата на една бомба во џамијата во градот Родат загинаа 4 лица

Во експлозијата на една бомба за време на петочниот намаз во џамијата во градот Родат во источната авганистанска провинција Нангархар загинаа 4, а 60 лица беа повредени.

Портпаролот на губернијата Атаулах Хогјани рече дека во експлозијата на бомбата која беше поставена во михработ на џамијата Хесарек во Родат, загинаа 4 лица меѓу кои имамот а 60 лица беа повредени.

Се стравува од евентуално зголемување на бројот на загинатите. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести