Во северниот дел на Сирија распоредени и француски специјални сили

Француски специјални сили за поддршка на Сириските демократски сили во чиј состав се наоѓа и ЈПГ сирискиот огранок на терористичката оргамнизација ПКК се распоредени во северниот дел на Сирија

507599
Во северниот дел на Сирија распоредени и француски специјални сили

Продолжуваат операциите за заземање на градот Рака во Сирија од рацете на терористичката организација ДЕАШ.

Од Франција која ги поддржува операциите од воздух пристигна еден нов потег.

Француски специјални сили за поддршка на Сириските демократски сили во чиј состав се наоѓа и ЈПГ, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК се распоредени во северниот дел на Сирија.

Француски функционери истакнаа дека француските специјални сили нема да учествуваат во копнените операции, туку дека ќе делуваат како советници.

Не се изнесуваат никакви информации во однос на тоа колку ќе изнесува бројот на француските специјални сили за кои се наведува дека најпрвин ќе дадат поддршка на операциите кои ќе бидат реализирани за заземање на стратешкото населено место Мунбич кое се наоѓа во рацете на терористичката организација ДЕАШ. 

Приближно 600 илјади луѓе во Сирија каде што продолжува граѓанската војна се наоѓаат под блокада и водат борба за опстанок во мошне тешки услови за живот.

Американски функционери истакнуваат дека Русија се однесува бесчувствително по прашањето на доставување помош од воздух на луѓето кои се наоѓаат под блокада во Сирија.



Слични вести