Сомалискиот претседател Махмуд изрази спремност за прифаќање на сомалиските бегалци во кампот Дадааб

Махмуд кој го посети кампот Дадааб, во име на смалиската влада даде ветувања за прифаќање на Сомалијците од кампот за учество во повторното воспоставување на мирот и постигнување национален компромис

507505
Сомалискиот претседател Махмуд изрази спремност за прифаќање на сомалиските бегалци во кампот Дадааб

Сомалискиот претседател Хасан Шеик Махмуд изрази спремност за прифаќање на сомалиските бегалци во кампот Дадааб по соопштението на Кенија дека ќе го затвори кампот.

Во заедничката известување што беше објавено од страна на претседателскиот кабинет во Најроби, претседателот Махмуд кој го посети кампот Дадааб, во име на сомалиската влада даде ветувања за прифаќање на Сомалијците од кампот за учество во повторното воспоставување на мирот и постигнување национален компромис.

Во интервјуто за печатот, претседателот Махмуд, согласно тројниот договор постигнат меѓу Кенија, Сомалија и Високиот комесаријат за бегалци на ОН, даде ветување и гаранција за достојното враќање на сомалиските бегалци од кампот во земјата.

Претседателот Махмуд подвлече дека сведочиме на еден историски момент. Двете земји ќе бидат пријатели и заедно ќе соработуваат за подобра иднина на идните генерации.

Раководството на Кенија соопшти дека ќе го затвори кампот Дадааб, поради тврдењата дека во кампот во кој од 6 мај се сместени околу 600 илјади Сомалијци, се наоѓаат приврзаници на терористиката организација Еш-Шабаб.

Организациите за човекови права и ОН бараа Кенија повторно да ја разгледа одлуката.



Слични вести