Сириските режимски сили бомбардираа три болници во Алепо: Најмалку 15 загинати

Фондацијата на ОН за помош на децата УНИЦЕФ соопшти дека за три часа биле бомбардирани 3 болници во Алепо и дека во нападите има најмалку 15 загинати и голем број повредени

506984
Сириските режимски сили бомбардираа три болници во Алепо: Најмалку 15 загинати

Режимските сили реализираа воздушен напад на градот Алепо во кој животот го загубија најмалку 15 лица, а голем број лица беа повредени.

Фондацијата на ОН за помош на децата УНИЦЕФ соопшти дека за три часа биле бомбардирани 3 болници во Алепо.

Едната од бомбардираните болници била детска болница.

Функционер на УНИЦЕФ рече: „Тоа што поради реализираните напади на болниците бебињата мораа да се извадат од инкубатори секој треба да го преиспита сопственото човештво.“

од друга страна опозиционерите го одбија нападот на терористите на ДЕАШ во градот Мареа во северниот дел на земјата и ја презедоа контролата на една значајна област за снабдување.



Слични вести