Погребна церемонија за Мухамед Али во неговиот роден град Луисвил

Церемониите кои ќе се одржат во градот Луисвил кој брои приближно 700 илјади жители ќе започнат со клањање на џеназе-намазот што ќе започне во 19:00 часот според турско време

507535
Погребна церемонија за Мухамед Али во неговиот роден град Луисвил

Погребната церемонија на легендарниот боксер Мухамед Али кој почина на 3 јуни на 74-години од животот поради респираторни проблеми ќе трае два дена и ќе започне денеска со клањање на неговиот џеназе намаз во неговиот роден град Луисвил во сојузната држава Кентаки во САД.

На погребната церемонија учествува и претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

Церемониите кои ќе се одржат во градот Луисвил кој брои приближно 700 илјади жители ќе започнат со клањање на џеназе намазот што ќе започне во 19:00 часот според турско време.

Џеназе намазот ќе се клања во спортската сала „Фридом Хол“ каде што Мухамед Али во 1960 година го одигра својот прв професионален боксерски меч и на кој се очекува да учествуваат приближно 15 илјади муслимани.

Церемониите ќе ги води Имам Заид Шакир, еден од водачите на муслиманската заедница во САД.

Во меѓувреме продолжуваат да се посетуваат од страна на голем број лица и куќата во која е роден и во која пораснал Мухамед Али како и „Центарот Мухамед Али“ кој беше изграден во негова чест. На подготвени места наоколу обожавателите на легендарниот боксер поставуваат цвеќиња и пораки со љубов напишани до него.



Слични вести