Изјавата на Медведев дека „Нема пари“ на социјалните медиуми

На Твитер беа објавени илјадници пораки кои беа споделени а во кои беше исмеан Медведев

507642
Изјавата на Медведев дека „Нема пари“ на социјалните медиуми

Изјавата на рускиот премиер Димитри Медведев дека „Нема пари“ се најде на дневниот ред на социјалните медиуми.

Видеото на Медведев за кратко време постигна гледаност од околу 3.5 милиони посетители.

Една пензионерка во рамките на посетата на премиерот Медеведев на Крим, му се пожали дека платата што има ја доделува Русија во износ од 8 илјади руски рубљи (околу 125 долари) е под животниот стандард.

На тоа Медведев одговори дека во касата на Русија нема пари.

На видеото кое беше поставено на Јутјуб може да се слушнат следните зборови на Медведев:

„Моментално воопшто немаме пари. Кога ќе најдеме пари, ќе ги извршиме потребните измени. Бидете силни. Ви посакувам најдобри желби. Поминете добар ден и останете со здравје.

По објавувањето на видеото, преку профилите на Твитер беа објавени илјадници пораки кои беа споделени а во кои беше исмеан Медведев.



Слични вести