ЕП 2016 чиј домаќин е Франција почнува под сенката на штрајковите и протестите во оваа земја

Поради штрајкот на работниците во центарот за уништување на отпадот во главниот град Париз отпадот една недела како не се уништува и во различни делови на францускиот главен град се натрупани купишта ѓубре

507200
ЕП 2016 чиј домаќин е Франција почнува под сенката на штрајковите и протестите во оваа земја
paris, çöp.jpg
fransa polisi.jpg

Европското фудбалско првенство (ЕУРО 2016) чиј домаќин е Франција почнува утре (петок) под сенката на протестите и штрајковите кои што продолжуваат веќе извесно време во оваа земја.

Поради штрајкот на работниците во центарот за уништување на отпадот во главниот град Париз кој што започна во вторникот, а во знак на протестирање против новиот нацрт-закон за работни односи, отпадот една недела како не се уништува и во различни делови на Париз се натрупани купишта ѓубре.

Во центарот за уништување на отпадот каде што секој ден со помош на 200 камиони се носат по 2 илјади тони ѓубре годишно се уништуваат и рециклираат приближно 700 илјади тони отпад.

Продолжува да влијае негативно на градскиот превоз во Франција штрајкот и на железничките работници.

Управата на националните железници истакна дека финансиската штета на штрајкот уште отсега достигна до 300 милиони евра.

Разгневените работници како последно се обидоа да го спречат возот во кој се наоѓаше пехарот за Европското фудбалско првенство кој беше шетан по земјата и кој беше носен во главниот град Париз.

Притоа дојде до судир помеѓу работниците и француската полиција по што пехарот беше донесен во Париз под строги безбедносни мерки и им беше предаден на надлежните.

Пилотите на националната авионска авиокомпанија на Франција Ер Франс пак ќе штрајкуваат од 11 до 14 јуни.

Францускиот министер за транспорт Ален Видалие штрајковите кои што ги започнаа железничките работници пред Европското фудбалско првенство (ЕУРО 2016) по што ќе следи и штрајкот на пилотите ги окарактеризира како неодговорност.

Од друга страна во Франција која е домаќин на Европското фудбалско првенство 2016 што ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули продолжува и загриженоста од можни терористички напади.

Во тие рамки околу стадионите каде што ќе се одиграат натпреварите и на голем број стратешки места се засилени безбедносните мерки 

Во рамките на првенството ќе се одиграат 51 натпревар во 10 градови, додека за ЕУРО 2016 се очекува во Франција да дојдат приближно 8 милиони љубители на фудбалот.



Слични вести