Во операциите на армиите на Камеру и Нигерија убиени најмалку 60 терористи на Боко Харам

Во реализираните операции на армиите на Камеру и Нигерија во рамките на борбата против терористичката организација Боко Харам се убиени најмалку 60 терористи

506751
Во операциите на армиите на Камеру и Нигерија убиени најмалку 60 терористи на Боко Харам

Жандармерискиот командант на Камерун Номо Жан Клод истакна дека во северниот дел на земјата приближно 30 терористи на почетокот од неделата во нападот на градчето Тубун Али на брегот на езерото Чад убиле 10 мина од камерунските рибари кои ловеле риба во езерото и потоа избегале кон Нигерија.

Генерал Буба Дубекрео од Заедничките мултинационални сили за интервенција кои водат борба против Боко Харам исто така истакна дека армиите на Камерун и Нигерија реализирале операции на населените места кои од страна на Боко Харам се користат како бази и притоа биле убиени најмалку 60 терористи и била запленета голема количина на оружје.

Началниците на генералштабовите на Камерун, Нигер, Нигерија, Чад, Централноафриканската Република и Либија кои инаку се членки на Комисијата на басенот на езерото Чад на состанокот што се одржа минатиот месец ги предупредија Заедничките мултинационални сили за интервенција кои водат борба против Боко Харам во однос на тоа дека треба да се биде повнимателен во периодите кога терористичката организација Боко Харам ги прекинува за привремено нападите.



Слични вести