Реакција од Алиев против Германија за резолуцијата за настаните од 1915 година

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се откажа од средбите и разговорите кои што требаше да ги оствари во германскиот Парламент, Бундестагот со што беше откажан и состанокот на азербејџанско-германската парламентарна пријателска група

506955
Реакција од Алиев против Германија за резолуцијата за настаните од 1915 година

Продолжуваат реакциите против резолуцијата на германскиот Парламент, Бундестагот во врска со ерменските тврдења за настаните од 1915 година.

Својата реакција на оваа резолуција ја покажа и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев со направената измена во својата агенда за време на посетата на Германија.

Алиев се откажа од средбите и разговорите кои што требаше да ги оствари во германскиот Парламент, Бундестагот со што беше откажан и состанокот на азербејџанско-германската парламентарна пријателска група.

Од друга страна азербејџанскиот претседател Илхам Алиев истакна дека исламскиот свет треба да презентира единство и солидарност како во однос на проблемот со Нагорно Карабах, така и во сите други прашања.

Алиев по повод месецот на постот Рамазан ги прими претставниците на дипломатските мисии на муслиманските земји кои се наоѓаат на задача во Азербејџан.

Велејќи дека Азербејџан воспоставува и билатерални и мултилатерални односи со муслиманските земји, Алиев нагласи дека во тие рамки ја смета за значајна усвоената одлука во однос на Нагорно Карабах на самитот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржа во април во Истанбул. 

Илхам Алиев им се заблагодари на муслиманските земји за поддршката на праведниот став на Азербејџан и одлуката со која се осудува Ерменија за окупацијата на Нагорно Карабах.



Слични вести