Во напади со барел бомби на сирискиот режим во Алепо загинаа 5 лица

Хеликоптери на сирискиот режим реализираа напади со барел бомби врз Алепо во кои загинаа 5 лица, а голем број лица се повредени

506015
Во напади со барел бомби на сирискиот режим во Алепо загинаа 5 лица

Во реализиран напад со барел бомби од страна на хеликоптери на сириската армија во градот Алепо во северниот дел на Сирија загинаа 5 лица, а голем број лица се повредени.

Екипите за цивилна одбрана од под рушевините извлекоа живи две лица.

Од друга страна Јасир Ебу Амар, еден од активистите за локални медиуми во Алепо истакна дека поради нападите на воените авиони на режимот врз областите под контрола на опозиционерите народот не можел да оди на намаз теравија.

Велејќи дека поради нападите народот се плашел да излезе на пазар во месец Рамазан, Јасир Ебу Амар рече: „Воени авиони на Русија и сириската армија 15 години како жестоко напаѓаат. Поголемиот дел од нападите се реализираат на населени места.“



Слични вести