Во Јемен од една страна продолжуваат мировните преговори, а од друга се водат и вооружени судири

Во Јемен од 2 април досега од една страна продолжуваат мировните преговори во Јемен, а од друга продолжуваат да се водат и судири помеѓу завојуваните страни

505515
Во Јемен од една страна продолжуваат мировните преговори, а од друга се водат и вооружени судири

Во реализирани напади врз цивилни населени места во кои живеат Хуси во градот Таиз на југот на Јемен загинаа две лица, а 17 лица беа повредени.

Во вооружена престрелка на аеродромот во градот Аден пак помеѓу јеменските безбедносни сили и група вооружени лица загина еден цивил.

Во меѓувреме од 2 април досега од една страна продолжуваат мировните преговори во Јемен, а од друга продолжуваат да се водат и судири помеѓу завојуваните страни.

На преговорите кои што се водат во Кувајт помеѓу шиитските Хуси и коалицијата предводена од Саудиска Арабија  инволвираните страни во судирите постигнаа компромис за ослободување на децата кои се држат како заложници.

Согласно постигнатиот компромис децата безусловно ќе им бидат предадени на нивните семјества.

Според ОН во судирите во Јемен кои продолжуваат животот го загубија најмалку 6.400 лица, за време на судирите загинаа најмалку 785 деца, а приближно 1.200 деца беа повредени.



Слични вести