Руските воздухопловни сили започнаа вежба во Ростов на јужниот дел на земјата

Според соопштението објавено од страна на Министерството за одбрана, во вежбата учествуваат 2 500 пилоти, експерти подржани од копнените екипи во Јужното воено подрачје

505909
Руските воздухопловни сили започнаа вежба во Ростов на јужниот дел на земјата

Руските воздухопловни сили започнаа вежба во Ростов на јужниот дел на земјата и на Крим кој го анексираа под сила.

Според соопштението објавено од страна на Министерството за одбрана, во вежбата учествуваат 2 500 пилоти, експерти подржани од копнените екипи во Јужното воено подрачје.

Во воената вежба учествуваат борбените хеликоптери од типот Ми-28Н, Ка-52 и Ми-35, карго авиони од типот Ан-12, Ан-26 и новите авиони од типот Су-30 СМ како и модернизираните авиони од типот Су-27 на 50-та ескадрила на Руските воздухопловни сили.

Големо внимание привлекува фактот дека тридневната воена вежба се одржува веднаш по озборувањата дека идниот месец во Полска, каде што ќе се одржи самитот на НАТО, во Данцишкиот залив во градот Гдањск на границата со Русија ќе се стационира една единица на алијансата.



Слични вести