Продолжуваат подготовките за погребната церемонија на Мухамед Али

Мртвото тело на Мухамед Али беше однесено во градот Луисвил во сојузната држава Кентаки, каде што беше роден и каде што и порасна

505319
Продолжуваат подготовките за погребната церемонија на Мухамед Али

Продолжуваат подготовките за погребната церемонија на легендарниот боксер Мухамед Али кој согласно неговата последна желба ќе биде погребан во петок.

Мртвото тело на Мухамед Али е однесено во градот Луисвил во сојузната држава Кентаки, каде што беше роден и каде што и порасна.

Градоначалникот на Луисвил истакна дека погребната церемонија ја испланирал легендарниот боксер лично самиот пред долги години и рече дека Мухамед Али ќе биде погребан согласно оваа негова желба и ќе биде испратен во неговиот вечен дом со голема почит и љубов како и што заслужува.

Во меѓувреме куќата во која Мухамед Али го поминал своето детство е посетувана од страна на голем број лица.

Жителите на градот Луисвил го закитуваат со цвеќиња и Културниот центар Мухамед Али изграден во име на легендарниот боксер.

Џеназе намазот на Мухамед Али ќе го води Имам Заид Шакир еден од лидерите на американските муслимани. 

На погребната церемонија ќе учествуваат и верски личности припадници на различни религии.

Освен тоа на погребната церемонија се очекува да учествуваат и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, јорданскиот крал Абдулах и други државници, како и уште 18 илјади лица меѓу кои се наоѓаат и голем број познати личности.

Легендарниот боксер Мухамед Али  на крајот од неделата почина во болницата во која се наоѓаше на лекување поради респираторни проблеми.

74-годишниот боксер светски шампион во тешка категорија, легендата на боксот Мухамед Али долги години се бореше против Паркинсоновата болест.



Слични вести