ОН предупредија дека бројот на бегалци од судирите во Мунбич може да достигне до 216 илјади лица

ОН соопштија дека бројот на оние кои бегаат од судирите во околината на градчето Мунбич може да достигне до 216 илјади лица

505373
ОН предупредија дека бројот на бегалци од судирите во Мунбич може да достигне до 216 илјади лица

Додека продолжуваат судирите во околината на градчето Мунбич во Сирија кое се наоѓа во рацете на терористичката организација ДЕАШ од ОН пристигна предупредување за нов бран бегалци.

ОН соопштија дека бројот на оние кои бегаат од судирите во околината на градчето Мунбич може да достигне до 216 илјади лица.

Градчето Мунбич е од стратешко значење од аспект на намирање на потребите на терористичката организација ДЕАШ, додека Сириските демократски сили се наоѓаат на 6 километри од ова населено место.

Еден дел од Сиријците бегаат во Џераблус кој исто така се наоѓа под контрола на терористичката организација ДЕАШ, а еден дел се засолнуваат во западните области кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите.

Меѓу вестите кои што пристигнуваат од регионот се наоѓаат и оние според кои терористите на ДЕАШ се обидуваат да се измешаат меѓу цивилите кои бегаат.

Функционери на ОН истакнуваат дека 20 илјади Сиријци кои бегаат од областа имаат потреба од вода, храна и медицински материјали.

 



Слични вести