Застрашувачки експлозии во складиште со муниција во Шри Ланка

Во градот Салава источно од главниот град Коломбо дојде до застрашувачки експлозии во едно складиште со муниција во кои загина еден војник, а еден војник беше тешко ранет

504620
Застрашувачки експлозии во складиште со муниција во Шри Ланка

Во експлозии во едно складиште со муниција во Шри Ланка загина еден војник, а еден војник беше тешко ранет.

До катастрофата дојде во градот Салава источно од главниот град Коломбо и експлозиите траеја 5 часа.

Под дејство на експлозиите се појави и пожар кој прерасна во застрашувачки димензии.

Заедно со експлозиите и пожарот наоколу беа распрснати голем број рачни бомби и друг вид муниција.

Поради силните експлозии е донесена наредба за евакуирање во област  со дијаметар од 5 километри.

Во врска со случајот е започната истрага.



Слични вести