Воздушни напади на Асадовиот режим и Русија врз цивилите во Алепо: 32 загинати

Силите на режимот на Асад и Русија реализираа воздушни напади во областите под контрола на опозиционерите во градот Алепо во кои загинаа 32-јца цивили, а десетици лица се повредени

504968
Воздушни напади на Асадовиот режим и Русија врз цивилите во Алепо: 32 загинати

Во воздушни напади реализирани од страна на силите на режимот на Асад и Русија во областите под контрола на опозиционерите во градот Алепо загинаа 32-јца цивили, а десетици лица се повредени.

По реализираните напади со вакум и барел бомби голем број куќи и работни места беа доведени во неупотреблива состојба.

Освен тоа во градот Алепо се урна и еден неидентификуван авион.

Познато е дека во областа во која падна авионот опозиционерите водат борба против силите на режимот и силите поддржани од страна на Иран.

Организацијата за следње на човековите права во Сирија со седиште во Лондон соопшти дека причината за уривањето на авионот не е позната.

Во соопштението се вели дека авионот можеби се урнал поради технички дефект или поради истрелана ракета од страна на опозиционерите.

Силите предводени од Фронтот Ел Нусра од петокот досега ја воспоставија надвласта на југот на Алепо.



Слични вести