Екипите на италијанската крајбрежна стража спасија 360 мигранти

Себастијан Курц рече дека бегалците односно мигрантите кои сакаат да мигрираат во ЕУ треба да се држат во центри под надзор на островите

505072
Екипите на италијанската крајбрежна стража спасија 360 мигранти

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц рече дека бегалците односно мигрантите кои сакаат да мигрираат во ЕУ треба да се држат во центри под надзор на островите.

Во интервјуто за Ди пресе, министерот Курц рече дека ЕУ со држење на бегалците на островите, треба да им ја скрши храброста и да го следи примерот на Австралија

Слични модели применија САД во првата половина на 20-от век, кога мигрантите кои пристигнаа во Њујорк, беа испратени на островот Елис, рече Курц и потсети:

Несомнено дека моделот на Австралија не може да се примени во целост, но во принцип може да се примени во Европа.

Обесхрабрувањето на  мигрантите во нивните обиди за пристигнување до европскиот континент по морски пат, претставува многу значаен настан рече Курц и предложи закон со кој се предвидува губење на правото на азил за мигрантите кои по илегален пат се обидуваат да влезат во Европа.

Од друга страна пак, екипите на италијанската крајбрежна стража кои активно ги следат смтроносните патувања, спасија 360 мигранти од еден брод кој беше претрпан за време на патувањето по Сицилискиот проток.

Меѓу спасените имаше 55 жени од кои повеќето беа бремени и 40 деца.

Мигрантите беа префрлени во градот Вибо Валенција на југот на земјата.



Слични вести