Во сообраќајна несреќа во Индија загинаа 17 лица

Во западната индиска провинција Махараштра автобус и две возила паднаа во дупка при што во несреќата животот го загубија 17 лица, а 40 лица беа повредени

504561
Во сообраќајна несреќа во Индија загинаа 17 лица

Во сообраќајна несреќа кога еден автобус заедно и со две возила во кои удри паднаа во голема дупка во провинцијата Махараштра во западниот дел на Индија животот го загубија 17 лица, а 40 лица беа повредени.

Надлежни истакнаа дека автобус кој сообраќал на магистрален пат удрил во две возила кои стоеле на крајот на патот и под дејство на ударот автобусот и двете возила паднале во дупка длабока 6 метри.

Селаните кои се наоѓале во областа заедно и со полицијата помогнале во извлекувањето од дупката на повредените во несреќата и нивното префрлеување на лекување во болница.

Во Индија поради лошите патишта, старите возила и невнимателните возачи во сообраќајни несреќи секоја година животот го губат по најмалку 110 илјади лица.



Слични вести